Интензивните врнежи од дожд и северен ветар кои траеја до минатиот викенд значително ја намалија температурата на водата во езерото, која во моментов е многу пониска од просечната измерена во овој период, во текот на минатите години.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, утрово во 7.30 часот температурата на езерската вода изнесувала 18.5 степени.

Во наредниот период во Охрид се очекува стабилно и топло време, со дневна температура до 29 степени, а минимална од 14 до 16 степени. Според тоа, се очекува постепено покачување на температурата на водата во езерото, што секако е добра вест за охриѓани и гостите кои се очекува да пристигнат во Охрид.

OhridNews