И покрај официјалниот почеток на летната туристичка сезона, променливото време и разбрануваната вода, викендов,  ги остави празни охридските плажи .


За разлика од минатите години кога во овој период од годината плажите беа полни со капачи,  деновиве на крајбрежјето  можеа да се забележат единствено празни лежалки и минимален број капачи во вода и тоа само оние најхрабрите кои не можеа да и одолеат на разбрануваната и свежа езерска вода.


Променливото време продолжува и наредните денови.

OhridNews