Од утре до 28 октомври, Охрид ќе биде домаќин на промо–тура „Охрид 2019“, што ја организира локалната самоуправа. Целта на активноста е приближување на туристичкиот потенцијал и понуда на Охрид до граѓаните на Италија особено  на оние кои живеат во регионот на Милано.

На неколкудневното случување се очекува присуство на 15 туроператори и 5 новинари од Италија со цел зголемена промоција на градот на италијанскиот туристички пазар, за што придонесува и директната авио-линија  Охрид-Милано.

OhridNews