НУ Библиотека „Григор Прличев“

Од 13.07.2022 - 12:00 до 13.07.2022 - 13:00

Романот „Надеж“ од Ване Николоски, наш автор од Австралија – писател и голем љубител на природата и Охрид, ќе биде промовиран во среда во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид.

Романот „Надеж“ е една универзална приказна за љубовта, доблеста, пожртвуваноста и надежта. Часовите искористени во пишување и читање, најмногу ме исполнуваат. Пишувањето, креирањето на карактери, настани, места, емоции се моја душевна храна без која неможам да функционирам нормално, вели авторот.

Почетокот на промоцијата е во 12 часот.

OhridNews