Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и издавачот „Дата Песнопој“ од Битола во среда на 31 јули ќе биде промовирана стихозбирката „Соѕвездие низ магичниот круг“ од Ило Кафеџиоски – Кафе.

Промотор ќе биде Ванѓелко Лозановски а стихови од книгата ќе читаат: Љубица Чифлигароска и Цветко Божиноски.

Промоцијата ќе се одржи во Прличевата одаја на библиотеката со почеток во 12 часот.

OhridNews