Традиционално, и оваа година на 17 и 18. септември се одржува најголемиот настан за промоција на светски познати брендови во Кармен Бауцентар – Охрид.

Оваа година на нашите купувачи ќе им бидат презентирани најновите технолошки достигнувања од областа на електричниот алат од брендовите “DeWALT”, “STANLEY” и “BOSCH” проследени со попусти од 20%. Воедно, сите ќе имаат можност да го тестираат посакуваното парче алат. За секое купено парче алат ќе следуваат подароци, велат од Кармен Бауцентар – Охрид.

Од областа на градежништвото ќе бидат присутни “BEKAMENT” – технолошки најнапредната компанија за производство на материјали за завршни работи во градежништвото. Стручни тимови од Кармен Бауцентар ќе даваат решенија за сите предизвици со кои се соочуваат нивните потрошувачи, а посебено ќе бидат презентирани “BEKATHERM” фасадните системи, проследени со големи попусти. Исто така, стручни тимови ќе стојат на располагање за сите прашања од производите и системските решенија на “KNAUF”- светскиот лидер за градежни материјали.

На барање на нашите потрошувачи на овој настан ќе бидат присутни “SWISS KRONO”- синоним за квалитети и врвен дизајн каде ќе бидат изложени повеќе од 50 различни модели на ламинат, а при тоа ќе има специјални попусти и цени почнувајќи од 250денари. Од областа на поплочувањето со огромна чест и задоволство ќе го претставиме италијанскиот бренд “MARAZZI” и нашиот нов изложбен салон за плочки и санитарија на површина од 1000м2, каде исто така, се изложени врвни брендови за санитарија. Плочките “MARAZZI” ќе имаат попусти од 20% и цени почнувајќи од 399денари, додаваат од Кармен Бауцентар – Охрид.

Во Кармен Бауцентар – Охрид кој се протега на површина од 2500м2 може да се најде асортиман од преку 20.000 производи, а стручниот тим со свежи идеи ќе помогне секој да си ги реализира плановите и идеите за модерен и урбан изглед на домовите или деловните простории.

Настанот ќе се одржи овој петок и сабота почнувајќи од 09:00 – 18:00 часот во Кармен Бауцентар, на ул. Железничка бр.3 во Охрид.

OhridNews