Фондацијата „Македонија 2025“ на 17-ти август ќе одржи промотивен настан во хотелот „Нова Ривиера“ во Охрид.
Домаќин на промотивниот настан ќе биде охриѓанецот Петар Спасески, член на клубот на лидери на МК2025.
Македонија 2025 е независна, непартиска организација чиј мандат е да стимулира одржлив економски развој во Република Македонија, лобира во привлекување инвестиции, стипендира млади и талентирани луѓе и помага на институции и установи од јавен интерес. Во оваа фондација членуваат истакнати бизнисмени и членови на дијаспората, како и признати експерти во областите во кои делуваат.
OhridNews












