Со креативно промотивно видео организаторите на Меѓународниот атлетски маратон го најавија 32-то издание, кое, годинава како и сите претходни ќе се одржи на 8 септември по повод Независноста на Република Македонија.

Организаторите, минатата година вметнаа неколку новитети и за неколку нивоа го кренаа Меѓународниот атлетски маратон, а со видеото и пристапот од самиот почеток 32-то издание треба да биде најдобро до сега.

Еден од многуте новитети беше 5 километарската трка која привлече големо внимание кај професионалните атлетичари и рекреативците, а конкуренцијата на маратонот долг 30 километри беше голема како никогаш претходно.

OhridNews