Рачно изработен накит од бисер и филигран, спакована традиционална храна, рачно изработен бакар во рамки на проектот „ Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во општина Охрид“, утре, со почеток во 12.30 часот ќе бидат промовирани во просториите на Факултетот за туризам и угостителство.

При тоа ќе се изврши и промоција на електронската брошура.

Проектот од општина Охрид  ,,Младите како носители на културата,традицијата и знаењето во Општина Охрид”, е финансиран од Министерство за култура во областа на креативните индустрии.

OhridNews