Во рамки на празнувањата на „ Свети Климент Охридски“ – Патронот на Охрид, денес, со почеток во 11 часот во Центарот за култура „ Григор Прличев“ ќе се изврши промоција на новата книга на Илче Стојаноски, „  Охридски вистини- случки, приказни и факти од минатото“.

Ова е четврта книга на Стојаноски во која се зборува за минатото на градот. Автор е и на книгите „ Охридски времеплов“, како и двете книги „ Кажвиме за да не се заборајт“.Стојаноски беше долгогодишен новинар во Радио Охрид и е хроничар на настаните во Охрид.

Во рамки на одбележувањата на празникот во 12 часот на градскиот плоштад ќе настапат најмладите охриѓанчиња, а во 19.30 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена традиционалната изложба на Фото клубот Охрид на тема „ Улична фотографија“. Во 20 часот од градскиот плоштад ќе започне групното поаѓање кон Свети Климентовата црква на Плаошник.

OhridNews