Промоција на Македонските туристички потенцијали на Холaндскиот пазар
22.12.10 12:08
Република Македонија како туристичка дестинација интензивно се промовира во Холандија во повеќе каталози на холандски туроператори. Неодамна излезе каталогот на еден од најзначајните холандскиот туроператор ТУИ Холандија за 2011 година во кои се презентирани туристичките потенцијали и убавини на Македонија.
Агенцијата за промоција и подршка на туризмот како директен учесник во вкупната промотивна активност на холандскиот пазар, од 11 до 16 Јануари 2011 ќе ги презентира македонските туристички потенцијали на Меѓународниот Саем за туризам во Утрехт, Холандија.
На нашиот штанд кој ќе биде брендиран во цвено-жолта боја на 12 Јануари во 13 часот ќе биде организирана видео презентација на Македонските туристички потенцијали пред присутните туроператори и новинари. Воедно присутните ќе имаат можност да дегустираат македонско вино и македонска традиционална храна, сето тоа збогатено со македонска етно музика.
На Саемот ќе бидат презентирани и субвенциите за Холандскиот пазар што Владата за 2011 година ги определи за холандските туроператори. Како резултат на тоа како и активностите кои се преземаат од аспект на промоцијата оваа година се очекува туроператорот Цорендон во Македонија да донесе околу 8000 туристи од Холандија кои ќе остварат околу 50 000 ноќевања. За таа цел од страна на туроператорот веќе се закупени неколку хотели на Охридско-струшката ривиера.
Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца, во село Црвена Вода ја одбележаа 83...
На 03102026 во 02:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишија 38-годишно лице од Охрид Тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга По целосно документирање на настан...
Проектот за реконструкција на кеј „Македонија“ е во завршна фаза Станува збор за капитален инфраструктурен проект со кој ќе се уреди кејот и ќе добие нов изглед и организиран начин на поставување н...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.