По промоцијата на македонските винарии минатата недела во Хонг Конг, овие денови македонското вино се промовира на саем во Шангај, Народна Република Кина.

Заедно со останатите вински земји во светот, десет македонски винарии, Тиквеш, Сковин, Стоби, Бовин, Езимит, Далвина, Камник, Попов, Имако и Попова Кула, организирани преку Здружението Вина од Македонија учествуваат на интернационалниот саем за вино и жестоки пијалоци ПроЊине Цхина каде здружено се промовираат пред професионалната публика на Шангај – увозници, дистибутери, преставници на ХоРеКА сегментот, вински критичари, новинари и сомелиери.

Саемот се одржува од 12ти до 14ми Ноември 2014 на кој своите вина ги презентираат повеќе од 1000 изложувачи од 20 земји од светот и истиот привлекува повеќе од 20.000 увозници и дистрибутери на вино.

Учеството на саемот и Националниот павиљон се поддржани од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство преку програмата за поддршка на извозот на македонски производи, во чии рамки се обезбеди финансиска поддршка за простор и  штанд од 90м2 за македонски компании производители на вино

OhridNews

Извор:„Макфакс“