Во организација на Општина Охрид и Словенечко- македонскиот бизнис клуб,  во Охрид денеска ќе се одржи Бизнис ден за промоција на македонското и словенечкото стопанство.

Официјалниот дел на Словенечко- македонскиот бизнис ден ќе се одржи од 13 до 15 часот во хотел ” Гранит “, а промоцијата на производите на компаниите членки на Клубот ќе се одвива од 17 до 21 часот на градскиот плоштад во близина на споменикот на ” Св. Климент Охридски”.