По повод 45-годишнината од постоењето на КУД „Ѓердан“, денеска ќе биде промовирана јубилејна монографија за најстарото културно уметничко друштво во Охрид.

Во монографијата се поместени информации за историјатот и настапите на КУД „Ѓердан“ на бројни фестивали и светски турнеи од 1968 година до денешно време.
Свеченостите по повод јубилејот на „Ѓердан“, ќе бидат заокружени со голем концерт кој ќе се одржи вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.












