Со пригодна свеченост денеска ќе бидат презентирани праисториската наколна населба во Заливот на коските и Римскиот кастел на ридот „Градиште“, чија реконструкција траеше околу две и пол години.
Во рамки на комплексот, за чија изградба се потрошени околу 3,5 милиони евра, работи Музеј на вода, и нуркачки центар.
На промоцијата на музејскиот комплекс се очекува да се обрати министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска.












