Охридската рок група „The Backdoor Band“, во петок во Liquid cafe – Охрид  со почеток од 22 часот ќе го промовира најновиот видео-запис за нивниот нов сингл насловен како „Лоша Навика“.

Видео-записот е снимен на неколку локации низ Охрид и Битола во продукција на Pece Nastevski Photography.

Инаку, бендот е формиран пред 3 години, а во истиот членуваат:Жарко Јакимоски – вокал, Лазе Фармакоски – гитара, Александар Марковиќ – бас гитара, Никола Колјушевски – тапани.

OhridNews