Вечерва во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга, ќе биде промовирана новата книга „Нова приказна“ на писателката Мерсиха Исмалјоска.

Младата авторка е родена во Струга. Магистрирала на тема од компаратистиката, теоријата на филмот и визуелните уметности, на која дисциплина е и докторант при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје. Својата окупација со проблемот на книжевното и визуелното ја пренесува и во работата со студентите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид, каде работи во моментов

OhridNews