По повод 65 години слободен Охрид, утре, 6-ти ноември, во големата сала на општината ќе се одржи промоција на книгата „Охридско – преспански стопански хоризонти“ од М-р Јонче Филиповски.
За книгата ќе говорат проф. Д-р Јосиф Андреески, проф. Д-р Михајло Будиноски и проф. Д-р Митре Аврамоски.
Промоцијата која заеднички ја организараат општина Охрид, ОО на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца и НУ Центар за култура „Григор Прличев“, ќе започне во 11.30 часот.











