„Внимавајте на вашата безбедност“ е прирачник што денес на пригодна свеченост ќе биде промовиран во просториите на Здружението на пензионери на Охрид и Дебарца.

Брошурата има информативно-едукативен карактер и содржи низа практични совети за превенирање на разни опасности и околности од секојдневниот живот во кои можат да се најдат пензионерите и повозрасните лица и лесно да постанат жртви на сторителите на кражби и другите кривични дела.

Целта е преку партнерство и соработка да се постигне зголемена безбедност и сигурност на пензионерите и нивно активно учество во превенирањето на реалните опасности од кражби и други кривични дела. Брошурата „Внимавајте на вашата безбедност“  има за цел да се зајакне новиот концепт на полициско работење со заедницата, вклучување на локалната самоуправа, урбаните заедници и граѓаните за подобрување на соработката со полицијата и зголемена безбедноста во населените места, информираат од СВР Охрид.

Овој проект е во согласно акциониот план на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија за спроведување на проекти за 2014-2015 година. Промоцијата на прирачникот „Внимавајте на вашата безбедност„  изготвен од страна на отсекот за превенција во соработка и партнерство со Здружението на пензионери на Охрид, Дебарца и Струга е во чест на 7 Ноември денот на ослободувањето на Охрид.

OhridNews