На Светската конференција за прекугранични води која се одржува во Дубровник, учествуваат над 300 експерти од целиот свет,  меѓу кои и македонските, Дејан Пановски претставувајќи ги Охридскиот и Дримскиот проект и Димитрија Сековски претставувајќи го проектот за Преспанското Езеро.

Проектот за заштита на Охридско Езеро кој заврши во 2005 година беше првото искуство од овој вид во овој дел на Европа и е оценет како еден од најпозитивно спроведените проекти на Глобалниот Еколошки Фонд. Иницијативата сега е пренесена на ниво на басенот на реката Дрим, апликација е поднесена до ГЕФ и се очекува наредната година ГЕФ да одлучува за доделување на средства за Дримскиот Проект .Проектот за прекугранично управување со Преспа треба да заврши во март 2012година и да даде основи за натамошен развој на регионот од прекуграничен аспект.

На Конференцијата покрај работните активности и презентации , низ низа на билатерални средби интензивно се врши и промоција на Македонија и посебно на Охрид и Преспа како природен и туристички редок капацитет.

Светската коференција во Хрватска е посветена на одбележувањето на 20 годишнината од Глобалниот еколошки Фонд (ГЕФ) и има за цел рекапитулација на достигнувањата во управувањето со прекуграничните води и вцртување на идните политики и активности.

OhridNews