На пригоден настан што ќе се одржи во среда, 27-ми септември во х. Белведере со почеток во 11 часот, Центарот за за развој на југозападниот плански регион ќе ги презентира реализираните активности и резултати од проектите „Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво – активност за воспоставување на Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во ЈЗПР“ и „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор“, одобрени и финансирани од страна на Канцеларијата на УНДП од Скопје и Министерството за локална самоуправа.

Истиот ден на истата локација во 13 часот, ќе биде промовиран Каталог на реализирани проекти од 2009 до 2017 година на  Центарот за за развој на југозападниот плански регион.

Каталогот ги претставува/презентира реализираните проекти од страна на Центарот од неговото основање досега, при што за истото е изготвен соодветен текст, илустриран со фотографии од реализираните проектни активности. 

Каталогот е испечатен во три верзии – Македонски, Албански и Англиски јазик.

OhridNews