Во рамки на одбележувањето на празникот Свети Климент Охридски денеска ќе се одржи промоција на новелата “ Чувства без наслов” на неодамна починатиот новинар и колумнист Никола Маневски. 

Станува збор за првиот и единствен роман на доајенот на охридското новинарство, за кој неговите соработници и пријатели пред неколку месеци најавија дека постхумно ќе биде објавен.
 
Промоцијата ќе започне во 12 часот во големата сала на општина Охрид.

OhridNews