Стихозбирката „Во твоја слава“ чиј автор е охриѓанецот Александар Трпески ќе биде промовирана утревечер во 18 часот во ресторанот „Потпеш“.

Промоцијата ќе биде во вид на драма во четири чина, збогатена со музичка изведба. Првите три чина се монолог, а во четвртиот чин на сцената ќе се појават повеќе ликови.

Промотор на стихозбрката ќе биде самиот автор во придужба на Ирена Бачиќ кои ќе ги раскаже своите доживувања за содржината на книгата.

OhridNews