Делегација на Струшките вечери на поезијата деновиве престојува во Париз, каде се промовира најреномираната светска поетска манифестација, која неодамна ги прогласи лаурератите за 2012 година, Монгане Вали Серото и Франсоа Ксавие Магр.
Во седиштето на УНЕСКО во Париз денеска на светската јавност ќе и бидат престставени наградените поети. Поздравна реч ќе има генералниот секретар на УНЕСКО, Ирина Бокова, а беседа за лауреатот на СВП ќе одржи претседателот на УО на СВП Славе Ѓорго Димоски. Присутните се очекува да ги поздрави и амбасадорот на Македонија во Франција, Агрон Буџаку.
OhridNews