Во знак на одбележување на јубилеите- 151 година од смртта на браќата Димитрија и Константин Миладинови и  150 години од затворањето на Димитрија Миладинов, во фоајето на струшкиот Центар за култура, утре, среда, со почеток во 12 часот ќе се изврши промоција на трудот „ Затворањето и смртта на браќата Миладиновци“ од Петар Аврамоски.

Промотор на книгата е Богомир Наумоски.

Промоцијата е во организација на Центарот за култура во Струга.