Рок бендот PUMPERS, од Битола вечерва во Liquid, ќе промовира музичкото ЦД Urban drive vol.2. PUMMPERS  Промоцијата  ќе се одржи со почеток во 21:30 , а PUMPERS потоа ќе имаат целовечерен настап во Liquid.

 Музичкото ЦД Urban drive vol. 2 е продукција на МКЦ – Битола и е поддржано од фондот за културна програма на Швајцарска амбасада во Македонија, Про Хелвеција.

ЦД-то  е компилација од 18 музички проекти на групи и поединци од Битола, втор чекор кон целта, придвижување на битолската музичка сцена, нејзино откривање, анимирање и активирање во еден креативен процес на снимање и продукција.

Издавањето на ова ЦД е еден од ретките ентузијастички чекори со некомерцијален карактер и е доказ за постоењето на креативна моќ кај битолските музичари, како поединци и како тим.

Урбан Дриве Вол. 2 е второ ЦД во продукција на МКЦ – Битола.