Во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј- Охрид денес ќе се одржат два настани.

Со почеток во 19 часот, во Куќата на Робевци, во организација на м- р Марија Каневче, етнолог, ќе се изврши Презентација на везови од етнолошката збирка на НУ Завод и музеј Охрид. Изложбата ќе ја отвори Здравка Маретиќ, етнолог советник во НУ Завод и музеј- Битола.

Половина час подоцна, во 19.30, во Куќата на Христо Узунов ќе се изврши промоција на “Монографијата Андон Дуко” од Јорданка Матова. Промотор на книгата ќе биде Лилјана Христова, директор на НУ Завод и музеј- Битола.

OhridNews