Во катедралната црква „Света Софија“ , недела 4- ти септември со почеток во 18 часот, ќе биде промовиран Зборникот издаден во чест на 1.100-годишнината од упокојувањето на Свети Наум Охридски.

На промоцијата се очекува да се обрати министерката за култура Елизабета Канческа- Милеска, а за ликот и делото на светителот ќе говорат македонските академици.

OhridNews