Во детската градинка „Јасна Ристеска“, денес, со почеток во 11 часот ќе се изврши промоција на Зборникот „Осигурување на квалитет преку апликативни наставни и воспитно образовни активности”.

Преставување на зборникот ќе има стручниот носител проф. Д- р јелица Николовска, а модератори ќе бидат Марина П. Тодоровска, проф. д-р Атанас Николовски, Наум Рилкоски, Флореше Емуш, Секула Баткоски, Петруша Ристиќ и Гордана Милошевска.

Акцент на своите проекти и на континуитетот на проектното работење ќе дадат директорите, односно менторите на образовните установи: ЈОУДГ „Јасна Ристеска”, СОУ „ Св.Климент Охридски” , СОУТУ „Ванчо Питошевски”, сите од Охрид, ЈОУДГ „Осми март” од Струга, ЈОУДГ „Седми септември” од Македонски Брод, СОУ „Цар Самуил” од Ресен, СОУ „Чеде Филиповски” од Гостивар, СОУ „Гостивар” и СОУ „Панче Поповски” од Гостивар.

Зборникот е во издание на Сојузот на просветните работници на Република Македонија.

OhridNews