Охриѓани вечерва ја исполнаа големата сала на Центарот за култура за да ја проследат промоцијата на документарниот филм на Илија Пиперкоски, “Чистилиште на душата”.

Меѓу бројните посетители беа и Јован Рилков, кој минатата година по четврти пат го фати светиот крст од водите на езерото и членовите на неговата тајфа.

Низ кадрите од документарниот филм гледачите имаа можност да се потсетат како протече минатогодишниот настан. И покрај најавите дека филмот ќе ја разреши тајната околу фаќањето на крстот, одговорите изостанаа.

OhridNews