Националната установа библиотека „Григор Прличев“ од Охрид денеска го промовираше мултимедијалниот проект „Роднокрајни автори  – аудио записи“, авторско дело на Милчо Јовановски, Елена Долоска и Тоде Илиевски.

Проектот што е изработен со финансиска поддршка на Министерството за култура, содржи десет едночасовни аудио интервјуа на исто толку писатели и поети од охридскиот крај.  

Овој проект содржин и ДВД издание, со библиографски податоци за авторите, извадоци од нивното творештво, како и фотографии.
    
Како што истакна авторот на проектот Милчо Јовановски, станува збор за прв проект од таков вид на НУ библиотека „Григор Прличев“, со кое се отвара ново поглавје во нејзиното работење.

 – Ова е прв ваков аудио-визуелен проект на охридската библиотека. Самиот проект е работен пет месеци, а неговата вредност ќе биде поголема после десет, петнаесет години кога делото ќе ги надживее авторите, рече Јовановски. Тој појасни дека авторите на ова првенче планираат пред Министерството за кутура да конкурираат со сличен проект, односно проширена верзија со уште десет автори од охридскиот крај, во кој покрај писатели и поети би биле опфатени значајни литературни критичари од регионот.

На денешната промоција одржана во просториите на Градската библиотека за своето творештво зборуваа Есад Бајрам, Видое Видичевски, Миле Волканоски, Славе Ѓорѓо Димоски, Тоде Илиевски, Зоран Јакимоски, Паско Кузман, Смиле Наумоски, Драган Спасески и Коста Фортомар.

OhridNews