Најновото музичко видео на Владимир Четкар за неговата авторска композиција „I Remember“ која се најде на неговиот втор студиски албум „Heavenly“ од денеска може да се погледне на YouTube. Видео записот е дело на Борче Димовски од продукцијата „Digital Box“.

„I Remember“ е песна која евоцира спомени на сите оние животни патешествија кои сме ги доживеале со нашите сакани и кои во нас оставиле длабока трага. Тоа се токму тие спомени кои секојдневно ни помагаат психички да ја пребродиме оваа пандемија и кои ни даваат инспирација и сила да се бориме со сите предизвици кои ги носи животот, вели Владимир Четкар.

OhridNews