Со обраќање од страна на градоначалникот на Охрид до присутните гости и со видео-аудио презентација, беше претставен проектот „Духот на Охрид“ кој во оваа и наредната година треба да помогне во изнаоѓање и афирмирање алтернативни форми на туризам. Проектот ,,Духот на Охрид” кој е финансиран од фондовите на ЕУ преку INTERREG III А програмата и се имплементира помеѓу партнерите Општина Охрид и Општина Пефка од префектурата Солун, Грција.
Градоначалникот Петрески го претставува проектот
На презентацијата во х. „Ривиера“ беше присутен и почесниот конзул на Грција во Македонија кој изрази надеж за добра соработка меѓу Пефка и Охрид, односно двете држави. Претставник од EU (главен финансиер на проектот) на промоцијата беше Дејан Ѓоргоски, близок соработник на евро-амбасадорот во Македонија, Ерван Фуере.
Проектот предвидува мониторинг на културното наследство со примена на GIS Geografic Information System што беше презентирано од раководителот на ЛЕР, Гоце Симоновски, изработка на програма за подигнување на свеста за културното наследство како и документарен филм „Spirit of Ohrid“ (беше прожектиран премиерно на денешната средба) за културното и природното наследство, web портал, анкета, електронски весник “Духот на Охрид“ и DVD презентација.
Проектот ќе трае една година, а носители на проектот се Општина Охрид, односно Секторот за Локален еконмски развој ЛЕР (80 насто) и Пефка, Грција. Учество и свој придонес ќе дадат стручњаци од разни области како туризам, авиосообраќај, културно наследство, информатика, медии, новинарство итн.
ЈП Водовод Охрид најавуваат прекин во водоснабдувањето во текот на утрешниот ден и кај корисниците на улицата „Вис“ Поради извршување на поголема интервенција на водоводната мрежа утре од 08:00 час...
Општина Охрид објави Јавен повик за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од општина О...
На 04112025 околу 15:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во атарот на сОровник, општина Дебрца, патничко возило „смарт“ со охридски регистарски ознаки, управув...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.