Целта на изготвувањето на планот е да се дефинираат и утврдат квалитативните и квантитативните структурни промени и да се понудат релевантни просторно плански решенија и дефинира долгорочна стратегија за уредување и користење на просторот, а во функција на ефикасна заштита на природниот и културно-историскиот капитал на просторот.
– Станува збор за докумен од стратешко значење, инструмент кој е во функција на заштитата на природното и културно богатство на регионот, при што општините се јавуваат како директни имплементатори, истакна министерот Јакупи.
Неџати Јакупи
Планот е во корелација со сите закони за заштита на животната средина и природното наследство, со што се очекува да бидат спречени било какви видови на загрозување на нивниот опстанок.
– Изработката на просторниот план според мене е позитивна работа. Конечно комплексно ќе се реши проблемот околу заштитата на животната средина на ова подрачје и точно ќе се дефинира кој за што е одговорен. Со тоа проблемите нема стихијно да се решаваат како до сега, рече градоначалникот Александар Петрески.
Александар Петрески
– Планот е добредојден и се надевам дека со него ќе се решат проблемите кои се провлекуваа години наназад, како што е и излевањето на отпадни води во езерото кај селото Радожда, изјави градоначалникот на општина струга, Рамиз Мерко.
Рамиз Мерко
На промовирањето на просторниот план присуствуваа и заинтересирани граѓани. Дел од нив во текот на презентирањето на планот искажаа остри критики дека планот се носи со задоцнување со оглед на веќе извршените бројни уништувања на животната средина во регионот. На ваквите реакции се обидоа да дадат одговор градоначалниците на општина Охрид и Струга, по што тие ја напуштија салата во која се вршеше промовирањето на просторниот план.