Иако Законот за јазици, со кој се предвидува поширока службена употреба на албанскиот јазик, денеска, по повод 550 години од смртта на Ѓерѓ Кастриот Скендербег, во Скопје беше промовирана двојазична поштенска марка. Новиот закон го овозможува тоа, но тој се’ уште не е официјално ставен во употреба, бидејќи треба да го потпише претседателот на државта, за што тој треба да се изјасни до утре.

На промоцијата присуствуваше претседателот на Собранието Талат Џафери кој на новинарско прашање одговори дека печатењето на двојазичната марка е во надлежност на Македонски пошти, а оттаму пак кусо истакнаа дека се било во согласност со законот. Со кој закон, не беше објаснето.

OhridNews