Во книгата се собрани сите говори на таму присутните интелектуалци од македонската, турската и албанската заедница. Промотор на книгата беше Ѓунер Исмаил, а другите присутни говорници на промоцијата одржаа свои говори по однос на издавањето на книгата и нејзиниот придонес во иднина.
Од промоцијата на книгата
-Во искажаните ставови на говорниците без разлика дали се македонци, албанци или турци можеше да се заклучи следново: „турската заедница е дискриминирана и не е доволно инволвирана во процесот на спроведување на Охридскиот рамковен договор, турската заедница никогаш и не била вклучена во подготвување и потпишување на Охридскиот рамковен договор, овој договор води кон бинационализација на државата каде главен ,,играч” се македонците и албанците, велат од невладината организација ,,Уфук”.