Книгата „Рани спомени”, авторско дело на новинарот, публицист и политички аналитичар Веле Митаноски, денеска беше промовирана во хотелот „Стоун Бриџ“ во Скопје.

Книгата  е во издание на книгоиздателството „Макавеј“, а ќе ја претстават писателот Милован Стефановски и новинарот, публицист и аналитичар Зоран Иванов. Извадоци од делото ќе интерпретира актерот Томе Витанов.

Митаноски во своето дело, на околу 600 страници, пренесува автентични сведочења, пред се, за изминатите 20 години, периодот по осамостојувањето на Република Македонија, одбележан со политичка и медиумска плурализација, сопственичка трансформација, долга и мачна транзиција.

Во книгата се застапени автентично творештво, записи, документирани настани, лични видувања и сведочења. Книгата е обид да се изнесат доживеаните настани, случувањата на кои авторот бил сведок и учесник, близу половина век. Со неа Митаноски одбележува 40 години професионална журналистичка дејност.

Веле Митаноски зад себе има четиридецениска новинарска работа. Беше директор на „Радио Охрид”, главен и одговорен уредник на весникот „Езерски Глас”, работел како новинар во „Вечер”, „Танјуг“, „МИА“. Во 1993 година го основа „Супер Радио”, а го помогна отворањето на Радиото за македонците од Мала Преспа – Албанија. Беше соосновач на магазинот „Интервју”, на Инпрес…

Митаноски, во еден пократок период, беше активен и во политиката.

OhridNews