„Ова не е крај“ е насловот на книгата посветена на големата македонска музичка ѕвезда – Тоше Проески, која беше промовирана денеска во чест на неговото раѓање, јавува „24 вести“.
Книгата опфаќа сегменти од животот на Тоше, од почетоците, до подемот на неговата кариера, а сеќавањата за него ги споделуваат најблиските, пријателите и колегите.
Исто така, по повод роденденот на Тоше, беше промовиран и видео запис за песната „Жао ми је, “ снимен во 2006-та година.
OhridNews
извор: „24 вести“