Одржана промоција на книгата „Пат покрај патотот“ на Славе Ѓорѓо Димоски, на која беа промовирани уште две негови поетски книги кои поради пандемијата досега не беа промовирани во Охрид.

„Пат покрај патот“ е книга есеи, односно дел патописни есеи коишто се како рефлексија на различни страни од светот каде што сум патувал. Покрај тоа има и постари есеи кои повеќето се цртички со анегдотски приказ за повеќе наши ситуации од сферата на културата и личности, вели Димоски.

Проф. д-р. Димитар Пандев истакна дека Славе Ѓорѓо Димоски, како писател овде ги спојува односите гостин домаќин и слободно може да се каже дека тој бил домаќин на голем број светски поети кои доаѓале во Македонија на Струшките вечери на поезијата и како поет им ги претставувал поетските убавини на Македонија.

Тоа е токму она што е клучно во моето излагање и основа за поопсежни есеи, да го поставиме Славе Ѓорѓо Димоски како поет, писател, патешественик во таа смисла дури и како мисионер, бидејќи дел од неговите патувања се поврзани токму со онаа мисија што ја имал во Струшките вечери на поезијата како претседател на Одборот и секако тука отвораме и повеќе теми од типот на интеркултурната комуникација. Димоски е чист поет во јазична смисла, го негува народниот исказ и тоа што е особено значајно на многу изворни, народни зборови тој им ја продлабочува семантиката, го проширува нивното значење токму преку различни стилски фигури, рече Пандев.

Беа промовирани и делото „Извештаи на рисот“ за кое вели Димоски имало повеќе промоции низ Македонија, но не и во Охрид, а книгата „Јазик и леб“, излегла од печат една година пред книгата „Пат покрај патот“. За книгата „Јазик и леб“ ќе рече дека има еден метафоричен наслов дека јазикот и лебот всушност се една егзестенцијална категорија на човекот, односно лебот да се сфати како јазик.

Додека пак за книгата „Извештаи за рисот“, Пандев ќе рече дека е книга која ја спојува во контекст на средновековната литература, во контекст на физиологот, но и разумникот во која што се опишани животните, додава Пандев.

Инаку, ова е четврта книга есеи на Ѓорго Димоски, а претходните се „Амадео Модилјани“, „Шише во море“, книга прва и „Шише во море“ книга втора.

Н.С.Ј.