Во рамки на одбележување на патрониот празник Свети Климент Охридски – заштитникот на градот, вчера беше промовирана  монографијата  „20 години Поетска ноќ во Велестово“.


– Успешниот раст на манифестацијата Потска ноќ во Велестово овие денови доби свое заокружување. Објавена е втората монографија која е опфатен сиот поетски развој на самата манифестација и која што станува значаен документ. Доколку некогаш ја снема манифестацијата, монографијата останува засекогаш, истакна претседателот на манифестацијата, Славе Ѓорго Димоски.


Промоцијата на  Монографијата издадена по повод 20-годишнината од востановувањето на оваа значајна културно-поетска манифестација беше збогатена со рецитирање одбрани песни на учесници на Поетската ноќ во Велестово.


Веќе две децении наназад поети, но и сликари од земјава и светот ги слават уметноста и поезијатаво Велестово кое полека прераснува во значајнo културно место.

Ohridnews