Преку проектот за хардверско и софтверско опремување на Одделот за криминалистичка техника во делот на компјутерската форензика, се овозможи анализите на доставената компјутерска опрема да се вршат поефикасно.“ – истакнаа вчера од Министерството за внатрешни работи, при промоцијата на новата Форензичка лабораторија за современо компјутерско вештачење.

Новата лабораторија треба да прерасне објект каде што ќе се вршат сите видови вештачења од областа на компјутерскиот криминал. Како што посочуваат од ресорното министерство, квалитетот ќе биде на ниво на земјите од ЕУ.

Со злоупотребата на интернетот при вршењето на кривичните дела, надградбата на капацитетите на МВР за нивно откривање се јави како неминовна потреба. Почнувајќи од областа на економскиот и финансискиот криминал, преку детската порнографија и компјутерскиот криминал.  Не постои кривично дело, за кое нема потреба од вештачење на паметни телефони, лаптопи или друга технологија за комуникација или чување податоци.“ – истакнуваат од Министерството за внатрешни работи.

Инаку, новата лабораторија е вредна четири милиони денари, а реализирана е како дел од проектот на Владата за опремување на научноистражувачки лаборатории.

OhridNews