На Плаошник, местото каде извира писменоста и духовноста на овие простори, Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, денеска, ги додели дипломите на студентите од најновата генерација.


Дипломи добија 200 студенти кои завршија високо образование на насоките:  туризам,  хотелско – ресторанска, гастрономија, исхрана и диететика, царина и шпедиција  осигурување и безбедност и финансиска контрола.


Од име на ФТУ Охрид, дипломците ги поздрави деканот проф. д-р Сашо Коруноски, кој им посака успех во понатамошната кариера.


Промовирана новата генерација дипломирани студенти на ФТУ Охрид

Факултетот за туризам и угостителство од Охрид е најстарата и најреномирана високообразовна институција во Македонија, која продуцира квалитетен стручен кадар од 1970 година.

OhridNews
фото: Емилио