
Острени рече дека иницијативата за нова партијата потекнала од тоа што двете партии на Албанците не ги претставуваат интересите на граѓаните и дека се контролирани од ВМРО-ДПМНЕ.
Според Острени целта на формирањето на партијата е да им се понуди на граѓаните нова алтернатива која ќе се залага за подобрување на вкупните состојби во државата, но и за обезбедување подостоинствен живот.
Покрај Острени во партијата преминува и Зулфи Адили познат како командант Ќуфа, кој доаѓа од редовите на пратеничката група на ДУИ, како и неколку поранешни функционери од третиот ешалон. Острени не прецизираше дали има најава за преминување на други видни личности од партијата на Ахмети, но рече дека се отворени за сите граѓани.
Запрашан дали ќе коалицира со некоја од помалите партии, тој рече дека се отворени за преговори со сите оние кои имаат слична програма, не исклучувајќи ја и ДУИ.
OhridNews
Извор:„24 Вести“











