Во Хотел City Palace, викендов, се одржa промоција на поемата “Градина без мрак” од охриѓанецот Александар Трпески.

„Градина без мрак“ е пишувана во стихови и проза што создаваат една целина. Поемата почнува со фразата со која завршуваат поголемиот број  приказни „Имаа многу деца и среќно си живееја“ и продолжува со стихови кои ја опишуваат идеалната жена.

Стиховите се прекинуваат со разговор помеѓу слушателот и поетот. Во тој разговор наизменично се испреплетува поезијата и раскажувањето на поетот се до крајот на делото. Поемата ја претскажува најголемата свадба која треба да се случи, а тоа е свадбата на жената во бело и господарот на срцето.

 

Поемата во електронска форма може бесплатно даја најдете на интернет страницата.

www.votvojaslava.mk