Промовирана збирката поезија „Тие доаѓаат“ создадена од учениците од основните и средните училишта во Охрид. Книгата која вкупно брои 55 песни е поделена во два дела и тоа прв дел се песните од учениците од основно училиште, додека вториот е резервиран за учениците од средните училишта.
Промотор на книгата беше Славе Ѓорго Димоски, а главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски. Тиражот на изданието брои 200 книги, а издавач е Општина Охрид.
Двете книги се појавуваат во две различни времиња. Првата беше кога бевме покомотни, а втората се јавува кога сеуште некои неутрални ветришта вратат кон нашиот јазик. Поттикот е децата да си го негуваат својот јазик, да творат, а да творат мора многу да читаат. Има ученици каде се чувствува духот на македонскиот јазик којшто работат и на досетки во песните. Тие дечиња кои се под добро менторство на своите професори знааат и да читаат, но и да пишуваат и да го негуваат поетскиот јазик, истакна Димоски.

Станува збор за збирка поезија во која ценетиот поет и професор, Славе Ѓорго – Димоски на 90-ина страници по свој избор ги смести поетските творби на 55 млади творци од охридските основни и средни училишта, преку кои самите ученици го негуваат мајчиниот македонски јазик, а вусшност и македонската литература. Ова е второ изнадение првото е во 2006 година. Преку оваа книга како Општина и локална самоуправа даваме поддршка и на учениците, а всушност и го негуваме убавиот пишуван збор, рече Божиновски.
Димитар Спасески од Секторот за образование при општината истакна дека „Тие доаѓаат“ е најдобриот одговор на случувањата во Република Македонија.
„Тие доаѓаат“ е нашиот силен мотив и понатаму да продолжиме да инвестираме во талентираните ученици од основните и средните училишта од Општина Охрид, наградувајќи ја нивната генијалност зошто тие ќе бидат децињата кои со сигурност во иднина ќе и помогнат на државата да излезе од апатијата во којашто е западната. И конечно „Тое доаѓаат“ заслужуваат да бидат дел од едно вакво епохално издание коешто секогаш ќе го имаат во себе и ќе се радуваат и со радост ќе си споменуваат за ученичките денови кои ги поминале во рамки на основните и средни училишта во Општина Охрид од една страна и се надеваме дека ќе ја поттикнеме желбата кај нив во иднина да се занимаваат професионално со поезија негувајќи ги македонскиот јазик, култура и традиција, рече Спасески.

Н.С.Ј.
					






							






