Промовирана збирката поезија „Тие доаѓаат“ создадена од учениците од основните и средните училишта во Охрид. Книгата која вкупно брои 55 песни е поделена во два дела и тоа прв дел се песните од учениците од основно училиште, додека вториот е резервиран за учениците од средните училишта.

Промотор на книгата беше Славе Ѓорго Димоски, а главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски. Тиражот на изданието брои 200 книги, а издавач е Општина Охрид.

Двете книги се појавуваат во две различни времиња. Првата беше кога бевме покомотни, а втората  се јавува кога сеуште некои неутрални ветришта вратат кон нашиот јазик. Поттикот е децата да си го негуваат својот јазик, да творат, а да творат мора многу да читаат. Има ученици каде се чувствува духот на македонскиот јазик којшто работат и на досетки во песните. Тие дечиња кои се под добро менторство на своите професори знааат и да читаат, но и да пишуваат и да го негуваат поетскиот јазик, истакна Димоски.

Во име на Општина Охрид присутните ги поздрави заменик градоначалникот Перчо Божиновски кој истакна дека задоволство е да се присуствува на овој прекрасен културен настан по повод промоција на втората книга „Тие доаѓаат“, откако првата ја виде светлината на денот во 2006 година.

Станува збор за збирка поезија во која ценетиот поет и професор, Славе Ѓорго – Димоски на 90-ина страници по свој избор ги смести поетските творби на 55 млади творци од охридските основни и средни училишта, преку кои самите ученици го негуваат мајчиниот македонски јазик, а вусшност и македонската литература. Ова е второ изнадение првото е во 2006 година. Преку оваа книга како Општина и локална самоуправа даваме поддршка и на учениците, а всушност и го негуваме убавиот пишуван збор, рече Божиновски.

Димитар Спасески од Секторот за образование при општината истакна дека „Тие доаѓаат“ е најдобриот одговор на случувањата во Република Македонија.

„Тие доаѓаат“ е нашиот силен мотив и понатаму  да продолжиме да инвестираме во талентираните ученици од основните и средните училишта од Општина Охрид, наградувајќи ја нивната генијалност зошто тие ќе бидат децињата кои со сигурност во иднина ќе и помогнат на државата да излезе од апатијата во којашто е западната. И конечно „Тое доаѓаат“ заслужуваат да бидат дел од едно вакво епохално издание коешто секогаш ќе го имаат во себе и ќе се радуваат и со радост ќе си споменуваат за ученичките денови кои ги поминале во рамки на основните и средни училишта во Општина Охрид од една страна и се надеваме дека ќе ја поттикнеме желбата кај нив во иднина да се занимаваат професионално со поезија негувајќи ги македонскиот јазик, култура и традиција, рече Спасески.

На настанот по промоцијата книги беа поделени на сите деца кои беа вклучени во создавање на истита.

Н.С.Ј.