Денес на Факултетот за туризам и угостителство, во рамки на чествувањата на патронот на ФТУ, Свети Климент Охридски, беа промовирани 190 дипломирани студенти и 10 магистри кои со овие звања се здобија во текот на 2014 година.
– Чест и гордост е Факултетот за туризам и угостителство, по 44- ти пат, да врши ваква промоција, нешто со кое ретко која високообразовна институција во Македонија може да се пофали. ФТУ продолжува по патеките на развојот, во подготовки сме за отварање на нови студиски програми , ревизија на постарите, значи влегуваме во еден динамичен процес на работа во следниот период, рече деканот на ФТУ, проф. Д- р Сашо Коруноски.
Тој потенцира дека би сакал овие кадри својата перспектива да ја имаат во Македонија и да бидат движечката сила на развојот на градот, бидејќи станува збор за квалитетни кадри со кои секој може да се гордее.
OhridNews