Книгата „Кохезија, Колизија на Човековата Визија“ од авторката Маја Мојсова, во понеделникот ја доживеа својата промоција. Вљубениците во пишаниот збор, имаа можност да се запознаат со првото книжевно остварување на Мојсова, во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Како што истакна промоторот Тоде Илиевски, книгата  претставува отсликување на еден автентичен лирски дневник, во кој се опфатени темите од животот и љубовта.

Необична и ретка постапка е тоа што една третина од песните се понудени на англиски јазик, односно авторката оригиналните текстови ги напишала на овој странски јазик. Мојсова преку ова дело, се обидува да ни го долови животот и љубовта заедно со сите пропратни проблеми, без притоа да ги користи готовите клишеа од светската литература.“ – истакна Илиевски.

Мојсова себе си се смета за модерен симболист, а нејзината поезија ја вметнува во постмодерната.

Творам во духот на симболизмот проткаен со експериментална поезија која е дел од постомернизмот. Никогаш не престанувајте да сонувате со отворени очи, односно никогаш во животот да не се жалите за ништо.“ – потенцира авторката Маја Мојсова.

Инаку, книгата која е пишувана на македонски и англиски јазик, претставува избор на стихови од од целокупното нејзино лично творештво, односно 18 години активно пишување поезија и проза.

Маја Мојсова е родена во Скопје, а последните 10-на години живее во Охрид.  Авторот има широк опус на напишани дела, поезија (песни, поеми) и проза (раскази, кратки раскази, стихови во проза, роман), кои се очекува наскоро да бидат издадени. Оваа книгa, претставува нејзина прва издадена збирка поезија.

OhridNews