Oрганизаторот на летните олимписки игри коишто годинава ќе се одржат во Лондон, во средата го промовираа мотото на ова најголемо спортско натпреварување коешто ќе биде отворено на 27-ми јули, а тоа гласи „Инспирација за генерација“.
Претседателот на Меѓународниот олимпискиот комитет (МОК), Жак Рог изјави дека е убеден дека игрите во Лондон ќе „инспирираат цела една генерација“.
„Убеден сум дека Велика Британија ќе биде на висината на овој спортски настан и дека сите топло ќе ги дочека“, рече Рог, пренесува АФП.
„Очекувањата се големи и ние нема да ве разочараме“, вети претседателот на организациониот комитет (Локог) Себастијан Коу. Тој додаде дека Лондон е подготвен „да го прими светот ова лето“.
Во средата во Лондон се одржуваат повеќе манифестации, меѓу кои и свеченоста на отворено којашто ќе ги собере спортистите и уметниците од источниот дел на британската престолнина на Трафалгар Сквер.
Во соопштението објавено во средата, Локог инсистира на тоа дека тестирањата направени на 31 од 42-те олимписки локации минале со задоволителни резултати.
Покрај тоа, во средата во олимпискиот воден центар, се одржуваат и квалификациите за синхронизирано пливање на коешто учествуваат 160 пливачки од 34 земји.
На Олимпијадата којашто ќе трае од 27-ми јули до 12-ти август, ќе настапат 10.500 спортисти и околу 7.500 членови на технички екипи.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...