Во два одделни случаи полицијата пронашла дрога, при што приведени се две лица информираат од СВР Охрид.

На 19.03.2023 година во 15.15 часот, во СВР Охрид приведено е 50 годишно лице од селото Белчишта, Општина Дебрца.

При преглед на возило „Алфа Ромео“ што тој го управувал, извршен на улицата „Партизанска“ во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана, велат од СВР Охрид.

Истиот ден околу 22 часот, во СВР Охрид приведено е и  24 годишно лице од Охрид.

При преглед на патнички автомобил „Ауди“ што тој го управувал, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана, додаваат од СВР Охрид.

По целосно документирање на настаните, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews